Конечни ранг листи на примени кандидати и информации за упис

Прв циклус студии – Економски факултет, Скопје

Конечна ранг листа - втор уписен рок 2026/27 (PDF) Уписот на кандидатите ќе се врши на 21.09.2026 од 08-30 до 15:30 во Предавална 2

Почитувани бруцоши,

Искрено Ви честитаме на постигнатиот успех и приемот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Со вашиот труд и резултати го заслуживте местото меѓу студентите на најдобриот факултет – лидер во високото образование во државата!

Ве очекува возбудливо академско патување исполнето со нови знаења, искуства и пријателства, можности за вклучување во проекти, како и поддршка од професори и служби кои секогаш се на располагање за Вас.

Ве охрабруваме да бидете активни, љубопитни и упорни – бидејќи токму тоа е патот кон успехот!

Потребни документи за упис

  • Индекс – достапен во книжарниците во кампусот. Треба да биде пополнет со личните податоци и задолжителните и изборните предмети од првиот семестар (листа на предмети).
  • Три фотографии – две фотографии со димензии 3,5×4,5 см и една со димензии 2×3 см.
  • Договор за студирање – достапен на факултетот.
Статистички образец ВОИ 20

Сите примени кандидати треба да се регистрираат и да креираат личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги – со клик на копчето или со скенирање на QR-кодот. По пополнување на образецот ВОИ 20 ќе добиете Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец со електронски печат на ДЗС – се доставуваат на денот на уписот (во полето за број на индекс напишете „бруцош").

Отвори го порталот за е-услуги

Потврди за извршени уплати (кликнете за да го погледнете соодветниот ПП 50 образец):

Ви благодариме на довербата! Ваш Економски факултет!

За подетални прашања обратете се во Одделението за студентски прашања на Економскиот факултет – Скопје.

Документ

Отвори
Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб