Прв циклус – Упис на зимски семестар 2025/2026

Почитувани,

Ве информираме дека уписите на зимскиот семестар 2025/2026 година, започнуваат на 09.09.2025 година. Пред да дојдете во Сужбата за студентски прашања задолжително направете online упис. При  online уписот на новиот зимски семестар 2025/2026 година, потребно е внимателно да го извршите изборот на предмети. Ви укажуваме на следниве важни упатства:

  1. Прво задолжително презапишете ги сите неположени задолжителни предмети од претходниот зимски семестар 2024/2025 година.
  2. Доколку имате неположени изборни предмети од претходниот зимски семестар 2024/2025, тие треба да се запишат веднаш по задолжителните.
  3. Откако ќе ги запишете сите обврски од претходната година може да избирате предмети од повисоката година, со следниот редослед:
    • Прво задолжителни предмети,
    • Потоа изборни предмети, во рамки на вашата студиска година и насока.

Избор на предмет од друга насока или година ќе се смета за неважечки, дури и во случај предметот да се положи, бидејќи не припаѓа на соодветниот план и структура на вашата студиска програма.

Новина од оваа учебна година е тоа што студентите од ВТОРА ГОДИНА треба  да направат online упис (задолжително треба  да се внесени во iknow  сите оценки од  положени предмети од предходниот зимскиот семестар 24/25), да ги извршат сите уплати и обврски  наведени подолу во соопштението. Уредно пополнетиот индекс, уплатите и доказот за пополнет статистички прашалник да се стават во плико на кое ќе биде напишано:

  • Број на индекс
  • Име и презиме
  • Департман

Пликото ќе го доставуваат во службата за студентски прашања на означено место. За сите некомплетни доставени индекси ќе се смета дека не ги испочитувале дадените насоки и уписот ќе го реализираат по 26.9.2025 со надомест за задоцет упис.

Студентите од трета и четврта година ќе го прават уписот на шалтер на департман со физичко присуство.

РАСПОРЕД ЗА УПИС:

ВТОРА година 9.9.2025-12.9.2025 од 11:00 до 15:00 часот

ТРЕТА година 9-17.9.2025 од 11:00 до 15:00 часот

ЧЕТВРТА година 18-26.9.2025 од 11:00 до 15:00 часот

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

– Статистички прашалник – достапен во книжарниците во кампусот или електронски пополнет и испечатен, како и печатен доказ дека е успешно испратен  преку профилот на е – услуги:  https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-zapishani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-voi-5793;

– За студентите во државна квота НП22/23, уплата од  6.150 денари, или вредност на ЕКТС за НП 2017/2018 (линк од пп50)

– За студентите во кофинансирање НП22/23, уплата од 12.300 денари или вредност на ЕКТС за НП 2017/2018  (линк од пп50)

– За вонредните  студенти НП22/23 уплата од 12.300 денари или вредност на ЕКТС за НП 2017/2018, доказ за вонредно студирање  (линк од пп50)

 За сите студенти:

– Уплата за УКИМ ИКСА 750 денари (линк од пп50)

– Уплата 100 денари за семестрални листови и листови за упис (линк од пп50)

а) Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми по семестар 1.000 денари

б) Набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми по семестар уплата од 1.000 денари.

 Овие два износи можат да се уплатат на една уплатница од вкупно 2000 денари (линк од пп50)

– студентите кои се запишани  како специјални услови  се ослободени од плаќање на ставките под а) и б)

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.