On-line пријавување на II колоквиум, летен семестар, 2025/2026
19.4.2026 – 26.4.2026
Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на втор колкоквиум започува на 19.4.2026 година и ќе трае до 26.4.2026 година.
Право на пријавување на втор колоквиум имаат само студентите кои го положиле првиот колоквиум и се стекнале со право за полагање на втор колоквиум (согласно објавените резултати од прв колоквиум).
Сите останати кои не го положиле првиот колоквиум по одреден предмет, треба да се пријават за полагање на испит од 3.5.2026 година, за што дополнителни ќе бидете информирани!
Студентите кои имаат технички проблем за време на пријавувањето за втор колкувиум да се обратат во Службата за студентски прашања или кај администраторот на факултетот administrator@eccf.ukim.edu.mk во периодот од 19.4.2026-26.4.2026
По овој период пријавувањето е со надомест за задоцнето пријавување, од 1.000,00 ден..
Студентите кои полагаат предмети од други факултети не пријавуваат колоквиум
Со почит,
Економски факултет – Скопје