Пријавување испити во iKnow за Јануарска испитна сесија, за учебната 2020/2021-ПРВ Циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

Прв циклус студии: Пријавување на   И С П И Т И  за Јануарско-февруарска сесија, 2020/2021

Ве известуваме дека пријавувањето на испити во Јануарско-февруарската испитна сесија во учебната 2020/2021 година, во iKnow системот, ќе се одвива во периодот од:

30.12.2020 до 10.1.2021 година

Јануарско-февруарската испитна сесија ќе се одвива во два термини и секој предмет ќе може да се полага во 2 различни испитни термини. Вашата електронска пријава за испитот е важечка за двата термини.

Линк до распоредот за Јануарската испитна сесија

Пријавите за испитите од оваа сесија ќе ги доставувате во Одделението за студентски прашања при заверката на зимскиот/уписот на летниот семестар.

НАПОМЕНА:

*Доколку го пропуштите рокот за електронско пријавување на испитите, полагањето на испитите ќе биде возможно само преку Одделението за студентски прашања.

*евентуални технички проблеми при пријавувањето, треба да пријавите на administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 10.1.2021

* студентите кои немаат технички и просторни можности за полагање на далечина и сакаат да полагаат во просториите на факултетот под идентични услови, задолжително треба да се пријават кај матичниот професор и кај administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 10.1.2021

Со почит,

Економски Факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.