Пријавување учество на годишна конференција за трет циклус

Почитувани,

 

Ве информираме дека годишните конференции за втори, четврти и шести семестар за академската 2020/21 година, ќе се реализираат во текот на месец мај 2021 година.

За таа цел, потребно е пријавите за учество на годишната конференција од Вашата студиска програма да ги доставите до службата за трет циклус и по електронски пат на violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mkmaja.markovic@eccf.ukim.edu.mk  најдоцна до 4.5.2021 година до 14,00 часот.

  • За конференцијата во вториот семестар, студентот поднесува: пријава (во три примероци потпишана од менторот и од студентот), краток труд кој содржи преглед на актуелната литература поврзана со истражување на специфична област, како можност за изработка на докторскиот труд, презентација за пишаниот текст и во определениот термин реализира јавна презентација;
  • За конференцијата во четвртиот и шестиот семестар, студентот поднесува: пријава(во три примероци потпишана од менторот и од студентот), презентација на рецензираниот труд, од семинарот во претходниот семестар и во определениот термин реализира јавна презентација;

Право на учество на годишната конференција за четврти и шести семсетар имаат студентите кои ја реализирале активноста од трети, односно петти семестар и преку советот на студиска програма добиле позитивна рецензија за поднесениот докторски семинар.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.