Почитувани,
Ве известуваме дека процесот на спроведување на колоквиуми на Економскиот факултет-Скопје продолжува без понатамошно одложување. Колоквиумите закажани на 29.11.2022 година ќе се одржат навремено и согласно распоредот. Со оглед дека и во текот на утрешниот ден е можен отежнат пристап предизвикан од блокирањето на околните сообраќајници, ве молиме ваквите состојби да ги земете во предвид при планирањето и организирањето на вашето навремено пристигнување на факултетот.
Со почит,
Економски факултет – Скопје