Соопштение – Пријавување на испити на ПРВ и ВТОР циклус студии

ПРВ ЦИКЛУС

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека пријавувањето на испити по предметите на прв  циклус студии во Август-септемвриската испитна сесија во учебната 2019/2020 година, ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од:

14.7 до 22.7.2020 година,

Времетраењето на Август-септемвриската испитна сесија ќе биде продолжено и секој предмет ќе може да се полага во 2 различни испитни термини со разлика од 15 дена помеѓу термините. Вашата електронска пријава за испитот е важечка за двата термини.

Студентите кои ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, и ќе ги положат испитите, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава со заверката на летниот / уписот на зимскиот семестар (за доставувањето на пријавите, заверката и уписот на семестар ке следат дополнителни информации)

Студентите кои ќе имаат проблеми/не можност од пријавување на испитите во посочените рокови може да се обратат на administrator@eccf.ukim.edu.mk

Испитната сесија ќе биде спроведена со посебни протоколи согласно сите здравствени препораки од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

  • ПРВ ЦИКЛУС Распоред за Август-Септемвриска испитна сесија, 2020 ЛИНК

ВТОР ЦИКЛУС:

Ве известуваме дека пријавувањето на испити по предметите на втор циклус студии во Август-септемвриската испитна сесија во учебната 2019/2020 година, ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од:

14.7 до 22.7.2020 година,

Студентите кои ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, и ќе ги положат испитите, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава во службата за ВТОР ЦИКЛУС

  • ВТОР ЦИКЛУС Распоред за Август-Септемвриска испитна сесија, 2020 ЛИНК

НАПОМЕНА:

Секое не почитување на роковите повлекува надомест за задоцнето пријавување.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.