fbpx

Соопштение – Пријавување на испити Јунска сесија, 2020/2021

С О О П Ш Т Е Н И Е

Прв циклус студии: Пријавување на испити Јунска сесија, 2020/2021

Ве известуваме дека пријавувањето на испити во Јунската испитна сесија во учебната 2020/2021 година, во iKnow системот, ќе се одвива во периодот од:

12 – 20.05.2021 година,

ЈУНСКАТА испитна сесија ќе се одвива во два термини и секој предмет ќе може да се полага во 2 различни испитни термини. Вашата електронска пријава за испитот е важечка за двата термини.

Пријавите за испитите од оваа сесија ќе ги доставувате во Одделението за студентски прашања при заверката на летниот семестар, 2021 год и уписот на зимскиот семестар, 2021/2022

НАПОМЕНА:

*Доколку го пропуштите рокот за електронско пријавување на испитите, полагањето на испитите ќе биде возможно само преку Одделението за студентски прашања.

* студентите кои немаат технички и просторни можности за полагање на далечина и сакаат да полагаат во просториите на факултетот под идентични услови, задолжително треба да го пополнат анкетниот прашалник најдоцна до 20.05.2021 год.

 

Со почит

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.