Е-бизнис менаџмент – едногодишни
Е-бизнис менаџмент – двогодишни
Економски развој и меѓународни финансии
Корпоративен финансиски менаџмент
Монетарна економија,финансии и банкарство – едногодишни
Монетарна економија,финансии и банкарство – двогодишни
Статистички методи за бизнис и економија – едногодишни
Статистички методи за бизнис и економија – двогодишни
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси – едногодишни
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси – двогодишни
Сметководство и ревизија – едногодишни
Сметководство и ревизија – двогодишни
Важна информација
Почитувани,
во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК
Едногодишните студии на студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (модел 4+1) се организирани во една студиска година, односно во два семестра. Програмата се состои од седум предмети и изработка на магистерски труд.
Структурата на предметите е следна:
Мисијата на студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси е едукација на високо-образовани стручни кадри кои ќе бидат способни да ги следат и применуваат најновите знаења и светските практики од областа на менаџментот на човечки ресурси, како и оспособување на МЧР професионалци способни да ги задоволат потребите за квалитетни, мотивирани и лојални човечки ресурси во своите организации.
Студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси има за цел да продуцира магистри кои ќе бидат способни да ја унапредуваат својата професија, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.
Студиската програма стратегиски менаџмент на човечки ресурси е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во оваа професија и да ги развијат своите знаења и да стекнат специфични вештини во областа на стратегискиот менаџмент на човечките ресурси. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус по стратегиски менаџмент на човечки ресурси ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
За подетални информации во врска со оваа студиска програма обратете се на eftimov@eccf.ukim.edu.mk
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
Изборен предмет од Листа на УКИМ | 40 | 2,00 | ||
SHR 510 | Стратегиски менаџмент на човечки ресурси | 40 | 7,00 | Љупчо Ефтимов |
SHR 520 | Меѓународен менаџмент на човечки ресурси | 40 | 7,00 | Стојан Дебарлиев |
SHR 530 | Развој на професионални вештини за вработување | 40 | 7,00 | Љупчо Ефтимов; Никола Левков |
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје | 40 | 7,00 |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MGT 518 | Организациско однесување | 40 | 7,00 | Љубомир Дракулевски |
Магистерски труд | 16,00 | |||
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје | 40 | 7,00 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MGT519 | Нови можности и претприемништво | 40 | 7,00 | Стојан Дебарлиев |
SHR 560 | Менаџмент информациони системи | 40 | 8,00 | Никола Левков |
SHR570 | Деловна етика | 40 | 8,00 | Леонид Наков |
SHR580 | Теорија на организација | 40 | 8,00 | Кирил Постолов |
SHR 550 | Менаџмент на знаење | 40 | 8,00 | Никола Левков |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
ACC520 | Корпоративно управување | 40 | 7,00 | Стојан Дебарлиев |
MGT520 | Менаџмент на промени | 40 | 7,00 | Леонид Наков |
SHR540 | Менаџмент на перформанси | 40 | 8,00 | Љупчо Ефтимов |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани