fbpx

Департман менаџмент

Раководител: проф. д-р Сашо Арсов

Секретар: проф. д-р Александра Јанеска – Илиев

Дипломираниот економист на департманот по менаџмент се оспособува за примена на техники за управување со луѓето и процесите, планирање, деловно комуницирање, управување со финансиите и анализа на инвестициските проекти и сл.

Преку наставата, вежбите, проектните задачи, од понудената литература и софтверот наменет за поддршка на наставата, студентите на оваа програма ќе се стекнат со следниве специфични компетенции:

  • Способност за формулирање на цели, мисија и плански активности на претпријатието во современи услови на стопанисување, спроведување на стратегиска анализа, селекција на вистинската стратегија и надминување на проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија;
  • Способност за примена на техниките на квантитативната анализа и истражувања во селекцијата на оптималните бизнис-решенија на полето на производството, финансиите, започнувањето нови бизниси и др.;
  • Способност за примена на напредни методи за планирање на потребниот број и структура на вработените, анализа и обликување на работата и работните места, придобивање, селекција, воведување, обука и оценување на успешноста на вработените;
  • Способност за ефективно преговарање со цел склучување деловни договори.

Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции. Позициите за кои тие ќе бидат оспособени вклучуваат:

  • Извршни и оперативни менаџери на различни нивоа во компаниите;
  • Стратегиски аналитичари и планери задолжени за изработка на инвестицискии студии, стратегиски, бизнис и тековни планови;
  • Менаџери и вработени во меѓународните деловни функции на претпријатијата;
  • Менаџери и вработени во одделите за човечки ресурси;
  • Менаџери и вработени кои ги дизајнираат организациските делови и култура и ги имплементираат организациските промени во претпријатијата;
  • Менаџери и вработени задолжени за дизајнирање на менаџмент информационите системи во претпријатијата;
  • Претприемачи и сопственици на мали бизниси;
  • Директори, раководители или службеници во државни институции, државни агенции, општините и други јавни институции.

 

Прва година задолжителни предмети
Р.бр.ШифраПредметчасовиECTS
Зимски семестар:
1ECN 110Основи на економијата6+08
2MST 110Математика за економисти4+28
3АCC 110Основи на сметководство4+28
4MGT 120Деловна етика6+08
Летен семестар:
5MST 120Статистика за бизнис и економија4+28
Втора година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1MGT 210Основи на менаџмент6+08
2МКТ 210Основи на маркетинг4+28
3MGT 240Менаџмент на човечки ресурси6+08
Летен семестар:
4MGT 230Менаџмент на мал бизнис6+08
Трета година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1MGT 310Стратегиски менаџмент6+08
2MGT 320Менаџмент информациони системи6+08
3MGT 390Финансиски менаџмент6+08
4MGT 395Операциони истражувања6+08
Летен семестар:
5MGT 330Деловно планирање6+08
6MGT 340Инвестиционен менаџмент6+08
Четврта година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1MGT 420Оперативен менаџмент6+08
Летен семестар:
2MGT 440Менаџмент на промени4+28
3АCC 232Управувачко сметководство 14+28
4MGT 430Деловно комуницирање4+28

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

Наставен план 2008/2009 

Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.

Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.

Наставниот план 2008/2009 за департманот надворешна трговија  може да се симне од следниов ЛИНК

Наставен план 2012/2013

Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).

Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример  шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.

Наставниот план 2012/2013 за департманот менаџмент може да го видете на следниов ЛИНК

Водичот за студирање во 2019/20 година може да го симнете на следниов ЛИНК

Водичот за студирање во 2017/18 година може да го симнете на следниов ЛИНК

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.