fbpx

ТРЕТ ЦИКЛУС: Упис на зимски семестар 2022/2023 и заверка на летен семестар 2021/2022

Упис  на зимски семестар 2022/2023 и

заверка на летен семестар 2021/2022 ќе се реализира  во деновите 

28.09.2022, 29.09.2022, 30.9.2022, 5.10.2022 и 6.10.2022 од 11,00-14,00 часот

 

Заверката и уписот на семестарот ќе се врши со целосно почитување на протоколите за здравствена заштита. Од овие причини неопходно е почитување на роковите дадени во оваа информација

Потребни документи за:

  1. Упис на зимски семестар 2022/2023
  • Образец за упис на семестар
  1. Заверка на летен семестар 2021/2022
  • Образец за заверка на семестар
  1. Потврда за уплата на рата од 900 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10

– Приходна шифра: 723011

– Програма 41

  • Во цел на дознака- името на студиската програма и целта на уплатата
  • Во повикување на број

 723011 / 02 – Економски науки

 723011 / 03- Статистички методи за бизнис и економија

 723011 / 05- Организациски науки и управување (менаџмент)

 

ВАЖНО:

Студентите кои се запишале во првиот уписен рок во учебната 2021/2022 година, доколку имаат предмети  од првиот семестар кои не ги положиле во трите предвидени сесии, треба истите да ги презапишат и да платат 50 % од вредноста на кредитите за предметот што се презапишува.

Секое непочитување на термините повлекува надомест за задоцнето запишување.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.