Часови по специјализиран француски јазик

Драги студенти,   

Сакаме да ве известиме дека Францускиот институт во Скопје во соработка со Економскиот факултет – Скопје ќе организира часови по специјализиран француски јазик кои ќе бидат спроведени на нашиот факултет. Предвидено е часовите да започнат во ноември 2023 година и да се следат до пролетта 2024 година, по 2 часа во времетраење од 1h 30 min неделено, за група од максимум 15 лица. Програмата ќе биде адаптирана согласно јазичното ниво на пријавените студенти. Сите љубители на францускиот јазик и култура може да се пријават и да ја искористат оваа одлична можност.

Во прилог сумирани се следните важни информации:    

Предмет: Часови по специјализиран француски јазик / Cours de français de spécialité

Линк за пријавување: https://forms.office.com/e/8f6LASdsPa

Краен рок за аплицирање: 10 ноември 2023 година

Предуслови:

  • Да сте студент во 1, 2 или 3та година
  • Мотивираност и сериозност
  • Желба за усовршување

 

Начин на селекција:

Селекцијата на студентите ќе биде извршена од страна на Францускиот институт во Скопје

Дополнителни информации:

После завршување на јазичната обука, студентите ќе можат да полагаат за официјален сертификат за да се здобијат со Диплома по професионален француски јазик, за кој трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на Францускиот институт во Скопје. Студентите кои ќе ги следат часовите по француски јазик ќе можат да се кандидираат за стипендија за престој на универзитетите во Франција, во текот на нивната трета година на студии.

 

Лице за контакт:

Весна Димитриевска

vesna.dimitrievska@eccf.ukim.edu.mk

 

Искрено се надеваме дека оваа одлична можност ќе побуди интерес од Ваша страна.

Со почит,
Економски факултет – Скопје

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.