Втор циклус студии: заверка на зимски и упис на летен семестар, 2019/2020
од 03.02.2020 до 14.02.2020 година од 11,00 до 14,00 часот
во Службата за втор циклус на студии
on line уписот е отворен од 22.01-14.02.2020
- Потребни документи за заверка на зимски семестар 2019/2020
Образец на заверка на семестар
2. Потребни документи за упис на летен семестар се:
образец за запишување на семестар (на кој ќе ги напишете задолжителните или изборни предмети од семестарот кој се запишува или презапишува, истите предмети ги запишувате и на наредната страна на индексот)
уплата од 500 евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметка на Економски факултет-Скопје.
-За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој се уплаќа за презапишување на предмет е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува. Вредноста на еден ЕКТС кредит изнесува 22,72 евра – за едногодишни студии и 19,23 евра-за двегодишни студии, во денарска противредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата.
Уплатата се врши на Образец ПП 50
Назив на примачот Економски факултет-Скопје
Банка на примачот НБРМ
Сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10
Приходна шифра и програма 723019 41
Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува
723019 / 1 за Сметководство и ревизија
723019 / 2 за Европски студии
723019 / 4 за Маркетинг
723019 / 6 за Монетарна економија,финансии и банкарство
723019 / 8 за МБА-Менаџмент
723019 / 9 за Економски развој и меѓународни финансии
723019 / 10 за Менаџмент во осигурувањето
723019 / 11 за Управување во јавен сектор
723019 / 12 за СМЕБЕ
723019 / 13 за Е-бизнис менаџмент
723019/ 14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Во цел на дознака
Името на студиумот и целта на уплатата
Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремена заверка/упис на семестар