Втор циклус – Конкурс за упис на втор циклус студии 2025/2026

Конкурс – втор циклус студии 2025/2026

 

  1. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

Рок за пријавување и запишување

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Пријавување на кандидатите

1 до 15.10.2025

2 до 13.2.2026

Запишување на кандидатите

20 и 21.10.2025

18. до 19.2.2026

 



  1. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања за втор циклус, на Економски факултет.

При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  • електронска пријава (од upisi.ukim.mk);
  • пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари
  • Образец ПП 50:

Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот:

НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840- ХХХ-03161; Конто 722313 00

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.