- РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ
Рок за пријавување и запишување | Прв уписен рок | Втор уписен рок |
Пријавување на кандидатите | 2–13 октомври 2023 | 5 –16 февруари 2024 |
Запишување на кандидатите | 16-17 октомври 2023 | 20– 21февруари 2024 |
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ | Број на студенти | Траење на студиите во семестри | Школарина (во евра) |
ФАКУЛТЕТИ | |||
Економски факултет (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В) | 425 | 2/4 | 2000/2500/ 3000 |
Едногодишни студии | 410 | 2 | 2000 |
Сметководство и ревизија | 40 | 2000 | |
Економски развој и меѓународни финансии | 40 | 2000 | |
Master of Business Administration (MBA) in Strategic Human Resource Management | 50 | 2500 | |
Е-бизнис менаџмент | 30 | 2000 | |
МБА менаџмент | 40 | 2000 | |
Монетарна економија, финансии и банкарство | 50 | 2000 | |
Менаџмент во осигурувањето | 40 | 2000 | |
Статистички методи за бизнис и економија | 25 | 2000 | |
Управување со јавниот сектор | 40 | 2000 | |
Корпоративен финансиски менаџмент | 40 | 2000 | |
Европски економски студии | 20 | 2000 | |
Маркетинг | 30 | 2000 | |
Двогодишни студии | 15 | 4 | 3000 |
E-бизнис менаџмент | 15 |
Економскиот Факултет – Скопје организира онлајн настан – Отворен информативен ден за постдипломски студии, кој ќе претставува можност за секој од заинтересираните кандидати да добие дополнителни информации и подетално да се запознае со програмата на секој од студиумите на постдипломските студии. Отворениот ден ќе се одржи на 10.10.2023 година-вторник, со следниот распоред:
- СТАТИСТИЧКИ МЕТОДИ ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА со почеток во 09.30 часот.
- СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА со почеток во 10.00 часот.
- МАРКЕТИНГ со почеток во 10.30 часот.
- МБА МЕНАЏМЕНТ со почеток во 11.00 часот.
- MBA in STRATEGIC HUMAN RESOURCE MANAGEMENT со почеток во 11.30 часот.
- УПРАВУВАЊЕ ВО ЈАВЕН СЕКТОР со почеток во 12.00 часот.
- КОРПОРАТИВЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ со почеток во 12.30 часот.
- ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ со почеток во 13.00 часот.
- МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА, ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО со почеток во 13.30 часот.
- МЕНАЏМЕНТ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО со почеток во 14.00 часот.
- Е-БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ со почеток во 14.30 часот.
- ЕВРОПСКИ ЕКОНОМСКИ СТУДИИ со почеток во 15.00 часот.
Отворен ден за постдипломските студии ќе може да се следи на следниот линк https://meet.google.com/ysi-egeh-jfa
- ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавените кандидати задолжително да ги достават документите во службата за втор циклус. Со поднесување на документите во службата, се смета дека кандидатот успешно аплицирал за упис на втор циклус на студии.
Потребни документи:
- пријавен лист за запишување(образец А1 од книжара);
- електронска пријава (од http://www.upisi.ukim.mk );
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- копија од извод од матична книга на родени
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50:
Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;
Банка на примачот: НБРСМ;
Трансакциска сметка 100-0000000-630-95;
Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Со почит,
Економски Факултет- Скопје