Втор циклус – Конкурс за упис на студенти за учебната 2023/2024 година

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

 

Рок за пријавување и запишување

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Пријавување на кандидатите

213 октомври 2023

5 –16 февруари  2024

Запишување на кандидатите

16-17 октомври 2023

20– 21февруари 2024

  1. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавените кандидати задолжително да ги достават документите во службата за втор циклус. Со поднесување на документите во службата, се смета дека кандидатот успешно аплицирал за упис на втор циклус на студии.

Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување(образец А1 од книжара);
  • електронска пријава (од https://www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • копија од извод од матична книга на родени
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50:

Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот: НБРСМ;

Трансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)

  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.