Листа на примени кандидати на втор циклус студии 2026/2027 и информации за упис

Информација за примените кандидати на втор циклус студии – Економски факултет, Скопје

📅 21 и 22.10.2026  •  10:30 – 14:00 часот

Почитувани,

Ви честитаме на постигнатиот успех! Примени сте на втор циклус студии на Економскиот факултет – Скопје.

Упис: 21 и 22.10.2026 година, од 10:30 до 14:00 часот Служба за студентски прашања – Економски факултет, Скопје
Листа на примени кандидати на втор циклус 2026/2027 Листа на кандидати примени на втор циклус студии (PDF) Распоред на предмети по студиски програми Предмети од првиот (зимски) семестар за втор циклус 2026/2027 (PDF)

Потребни документи

При уписот, примените кандидати треба да ги приложат следниве документи:

1

Индекс

Пополнет со лични податоци и предметите од првиот семестар.

2

Две фотографии

Големина 3,5 × 4,5 cm.

3

Статистички образец ВОИ 80А

Испечатен „Генериран образец“ и „Потврда за успешно доставен образец“.

Доколку сѐ уште немате личен активен профил на платформата е-услуги, треба да се регистрирате и да креирате личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги.

По креирањето на профилот, пополнете го образецот ВОИ 80А. Од системот ќе добиете два официјално потврдени документа со електронски печат на ДЗС – Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец, кои треба да ги доставите на денот на уписот.

Пополни образец ВОИ 80А на uslugi.gov.mk →

QR код за образец ВОИ 80А QR код до образецот
4

Договор за студирање

Достапен на факултетот.

5

Образец за запишување семестар

Во него ги наведувате задолжителните/изборните предмети од првиот (зимски) семестар. Предметите од првиот семестар наведете ги и во индексот и во образецот.

Распоред на предмети по студиски програми (PDF) →

6

Уплатница за прва рата партиципација

Уплата за прв семестар, на образец ПП 50:

💶 500 евра за сите студиски програми, освен MBA in SHRM 💶 750 евра само за MBA in Strategic Human Resource Management
7

Потврди за уплата

1.000,00 денари (прва рата) за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.

1.000,00 денари (прва рата) за набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.

Трансакциска сметка за сите останати надоместоци →

Податоци за уплата на школарина (точка 6)

Назив на примачотЕкономски факултет – Скопје
Банка на примачотНБРМ
Сметка100000000063095
Сметка на буџетски корисник1600103697 788 10
Приходна шифра и програма723019   41
ОбразецПП 50

Повикување на број според студиската програма

Во полето „Повикување на број“ се пополнува бројот според студиската програма:

723019 / 1Сметководство и ревизија
723019 / 2Европски студии
723019 / 4Маркетинг
723019 / 6Монетарна економија, финансии и банкарство
723019 / 8МБА – Менаџмент
723019 / 9Економски развој и меѓународни финансии
723019 / 10Менаџмент во осигурувањето
723019 / 11Управување во јавен сектор
723019 / 12Статистички методи за бизнис и економија
723019 / 13Е-бизнис менаџмент
723019 / 15Корпоративен финансиски менаџмент
723019 / 16Master of Business Administration (MBA) in Strategic Human Resource Management

Со почит, Економски факултет – Скопје

Документ

Отвори
Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб