Втор циклус – Пријавување за август/септемвриска (трета) испитна сесија 2023/2024

Почитувани,

Пријавувањето на испити за Августовско-септемвриската (трета) испитна сесија  започнува на 1.7.2024 година и ќе трае до 10.7.2024 година.  

Испитите што ќе ги полагате во августовско-септемвриската испитна сесија задолжително  треба да ги пријавите online преку Вашиот профил на iknow.

Доколку имате технички проблеми при логирањето на iknow во периодот од 1.7.2024 –  10.7.2024 година, обратете се кај администраторот на факултетот на следниов маил administrator@eccf.ukim.edu.mk

 По овој рок пријавувањето се врши со надомест за задоцнето пријавување.

 

ВАЖНО:
Доколку не сте биле активни во  iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се  сметa за  застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка.

 

Со почит,
Економски факултет-Скопје

 

 

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.