Заверка на зимскиот и упис на летниот семестар 2024/2025

ВАЖНО: Студентите кои се запишани во и после 2022/2023 учебна година, согласно акредитацијата на студиските програми, изборни предмети бираат САМО ОД НАСОКАТА. Не може да бираат изборни од цел факултет ниту од листата на УКИМ

 

 

ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ/ УПИС НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2024/2025
(03 18.02.2025, од 10,30-14,00 ч)

 

Во 2024/2025 учебна година е воведен е-образец за упис и заверка на семестар, кој го генерира iKnow.

 

Уплатниците за надомест за не реализирана настава во зимски семестар, студентите треба да ги приложат со заверката на семестарот.

 

УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР, 2024/2025 – задолжителен on-line упис на предмети од летен семестар

 

Уписот не е направен без поднесување на потребните документи во службата:

  1. За оние студенти кои не направиле on-line уплата преку iknow севисот потврда за уплата на 100/200 евра (прва рата од партиципација согласно бројот на запишани предмети/ кредити – со on-line запишување во iknow – системот го дава износот за уплата) во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41.

 

  1. Потврда за уплата на:
  1. 500,00 денари (прва рата) за: набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар
  2. 500,00 денари (прва рата) за: набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар

Уплатите од точка 2 треба да се извршат на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723013

– Програма 41

  1. 4. Потврда за уплата на 100,00 денари – за е-обрасци за упис и заверка на семестар на:

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723019,

– програма 41

– цел на дознака:  обрасци за упис и заверка на семестар за Економски факултет

 

Студентите кои ги положиле сите предвидени испити заклучно со Јануарската сесија, 2024/2025, заверката на семестарот ќе ја направат со поднесување на дипломскиот труд и барањето за одбрана на дипломски труд.

На веб-от на факултетот се објавени Распоредот за настава и вежби, распоред за прв и втор колоквиум и Јунската сесија, 2024.

При запишувањето на изборните предмети, консултирајте го Распоредот за настава заради правилен избор на летни изборни предмети каде што нема преклопување на настават или вежбите.

 

 

Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС ке се одвива согласно следниот распоред:

ПРВА ГОДИНА – 03 – 05.02.2025

ВТОРА ГОДИНА – 06 – 10.02.2025 год.

(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од II година и студенти кои презапишуваат предмети од I година)

ТРЕТА ГОДИНА – 11 – 13.02.2025 год.

(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од III година и студенти кои презапишуваат предмети од II година

ЧЕТВРТА ГОДИНА – 14.09 – 18.02.2025 год.

(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од IV година и презапишуваат предмети од III година)

 

 

Не придржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремена заверка/упис на семестар

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.