Катедра за Менаџмент
aleksandra.janeska-iliev@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-906
Приемно време:
Понеделник 12:00:00 – 14:00:00
Александра Јанеска-Илиев, студирала на Економскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на департманот менаџмент во периодот 2002 до 2005. Во 2005 година, по успешното завршување на третата година од студиите го продолжува своето образование на Универзитетот за професионална едукација “Фонтис“ во Ајндховен, Холандија, каде дипломирала во јануари 2007 година. Магистрирала на департманот МБА Менаџмент во 2008 на Економскиот факултет, а Докторската дисертација на тема ,,Деловни стратегии за развој на малите бизниси” успешно ја одбранила на Економскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на 13.2.2015 година со што се стекнала со научен степен доктор на економски науки. После дипломирањето своите апликативни и стручни искуства поврзани со бизнис-секторот ги здобива преку различни пракси и ангажмани во реномирани компании. Па така речиси пет години била дел од странска консултанска компанија што дополнително ѝ овозможило да се надгради и го зголеми искуството во делот на аплицирање проблематиката поврзана со различните аспекти на бизнисот и менаџментот.
Ангажирана е како асистент на поголем број предмети од областа на менаџментот на Економскиот факултет во Скопје од 2012 година. Во 2015 е избрана за доцент на предметот организациско однесување. Главни области на истражувачки интерес се поврзани со организациско однесување и менаџментот на малиот бизнис ,при што посебно ја интересираат когнититивните аспекти на претприемништвото како што се претприемничкото образование, претприемачките намери, претприемачкото размислување.
Д-р Александра Јанеска-Илиев била учесник на домашни и меѓународни проекти, а партиципирала на стручни собири од различен тип. Посебно може да се истакне учеството на сесијата “Understanding the Inclusive Organization”, Getting Down to the-Bottom-Up: Researching Ecosystems as if Entrepreneurs Mattered, АОМ 2019 презентација и панел дискусија со повеќе од 15 релевантни експерти од областа на претприемачките екосистеми. Д-р Александра Јанеска-Илиев е ментор на стручни трудови, дипломски работи и магистерски трудови.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Организациско однесување | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Менаџмент на мал бизнис | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Менаџмент на мал бизнис | МБА – Менаџмент, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Финансирање на претприемачки бизниси | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Проекти:
Експертски активности:
Национален експертски тим во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации – Развој и дизајн на концепцијата за четиригодишно техничко образование, 2019-економија и право;
Национален експертски тим во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации – Развој и дизајн на концепцијата за четиригодишно техничко образование, 2019-технички науки;
Комисија за верификација на програма (2017) – развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите, при Јавна Установа Центар за образование на возрасни – Скопје.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани