Катедра за Менаџмент
saso.arsov@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286 809
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 11:00 – 13:00
Четврток: 09:00 – 11:00
Сашо Арсов, CFA, е роден 1971 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет, УКИМ во Скопје, а докторирал на истиот факултет во 2003 година. Во 2009 година се стекнал со звањето Сертифициран финансиски аналитичар (CFA). На Економскиот факултет работи од 1997 година, а од 2013 година е редовен професор. Предавал и на Graduate Center for Public Policy and Management “Macedonia”, University of Pittsburgh, USA, програма во Скопје (2005/6 година). Работел на повеќе проекти за потребите на Светската банка, UNDP, Европската комисија и други приватни и државни корисници. Во периодот 2008-2015 година бил член на Советот на Народната банка на РМ. Остварил студиски престои на BCID – Центарот за меѓународен развој во Брадфорд, ВБ, Универзитетот Фонтис во Ајндховен, Холандија, Универзитетот во Рејкјавик, Исланд и др.Неговиот научен интерес опфаќа: корпоративни финансии, финансиски пазари, меѓународни финансии, јавни проекти, проектен менаџмент и сл.Автор е на учебници по Финансиски менаџмент и Инвестициски менаџмент (коавтор).
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети: | Насоки: | Степен: |
Финансиски менаџмент | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Инвестиционен менаџмент | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Проект менаџмент | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Напреден финансиски менаџмент | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Финансии на корпорации | Монетарна економија, финансии и банкарство, Монетарна економија,финансии и банкарство (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Финансиски менаџмент | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Втор циклус студии |
Меѓународен финансиски менаџмент | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |
Корпоративни финансии |
| Трет циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани