Избори за Факултетско студентско собрание

Избор на претседател и членови на ФСС – Економски факултет, Скопје

🗳️ Гласање: понеделник, 23.11.2026 • 08:30 – 14:00 часот

Почитувани студенти,

Ви ја доставуваме Одлуката со која деканот на Економскиот факултет – Скопје отпочна постапка за избор на претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет – Скопје.

Соопштение за спроведување на избори за ФСС Информации за изборите (PDF) Упатство за начин на спроведување на избори за ФСС Како се спроведува гласањето (PDF) Одлука за утврдување конечна листа на кандидати Конечна листа на кандидати за ФСС (PDF) Одлука за исполнување на услови за претседател и кандидати Одлука на изборната комисија (PDF) Одлука за распишување избори Официјална одлука на деканот од 14.10.2026 (PDF)
1претседател
23членови на собранието
1 годинамандат: 1.12.2026 – 30.11.2027
30потписи поддршка за кандидат за претседател

Важни датуми

4.11.2026Студентски собранија за кандидатуриПочеток во 14:15 часот, по година и циклус на студии
4.11.2026Краен рок за кандидатури за претседателДо 15:00 часот, преку архивата на Факултетот
5.11.2026Одлука на комисијата за исполнување условиКонечна, врз основа на одржаните собранија
до 16.11.2026Објавување Упатство и одлука за кандидатитеНа веб-страницата на Факултетот, најмалку 7 дена пред гласањето
23.11.2026Тајно гласање (понеделник)08:30 – 14:00 часот, во зградата на Факултетот; просториите ги определува комисијата
1.12.2026Почеток на мандатотМандатот трае една година, до 30.11.2027

Студентски собранија – 4.11.2026 во 14:15 часот

Кандидатите за членови се предлагаат на собранија по година и циклус. Секој студент може да предложи најмногу 2 кандидати, а вкупниот број предложени мора да е најмалку еднаков на бројот на места.

Година / циклусПросторијаМеста
Прва годинаПредавална 25
Втора годинаПредавална 45
Трета годинаПредавална 85
Четврта годинаПредавална 105
Втор циклусКомпјутерска лабораторија 2 (сина)2
Трет циклусКомпјутерска лабораторија 2 (сина)1
Вкупно членови 23

Напомена: Ако на собранието нема доволен број предложени кандидати, собранието се повторува следниот работен ден, во ист час и во иста просторија.

Право на глас и кандидатура

Право на глас

  • Активни студенти на прв циклус, запишани во зимскиот семестар 2026/2027.
  • Активни студенти на втор и трет циклус, запишани во зимскиот семестар 2026/2027, или кои се во рок за предавање/одбрана на завршен труд.

Кандидат за претседател

  • Прв циклус: редовен студент, завршен најмалку III семестар со положени сите испити до III семестар и запишан во зимскиот семестар 2026/2027. Втор и трет циклус: условите за право на глас.
  • Кандидатурата е лична, со писмена пријава и листа на поддршка од најмалку 30 студенти со право на глас (име, презиме, број на индекс, потпис).
  • Запечатена пријава преку архивата на Факултетот до комисијата, до 4.11.2026, 15:00 ч.
  • Не може истовремено да се кандидира за претседател и за член.

Определување на година на студии

  • II година: најмалку 30 кредити и најмалку еден предмет од III семестар.
  • III година: најмалку 90 кредити и најмалку еден предмет од V семестар.
  • IV година: најмалку 150 кредити и најмалку еден предмет од VII семестар.

Избор на победници

  • Претседател: кандидатот со најмногу гласови; при изедначување, повторно гласање во рок од три дена од објавувањето на резултатите.
  • Членови: кандидатите со најмногу гласови во рамки на секоја година/циклус; при изедначување на границата, комисијата повлекува жрепка.
  • Мандатот е 1 година. Студент избран двапати за претседател или член не може повторно да се кандидира.

Изборна комисија

Комисијата ја спроведува постапката, одлучува (конечно) за исполнување на условите на кандидатите, ги утврдува резултатите и составува записник.

1Проф. д-р Марина Мијовска Белшовска
2Асс. м-р Тодор Тоцев
3Ема Наумоска индекс 64274
4Лука Младеновски индекс 63960
5Надица Најдевска индекс 63284

Со почит, Економски факултет – Скопје

Документ

Отвори
Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб