ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
Почитувани студенти,
Согласно новоностанатата состојба со вирусот COVID-19 и во насока на целосно почитување на препораките од Министерството за здравство и заклучоците на Владата на Рeпублика Северна Македонија, а со цел заштита на Вашето здравје, здравјето на вработените на факултетот и јавното здравје во целост, Ве информираме за следните можности за комуникација со нас со цел да излеземе во пресрет на Вашите барања/потреби во периодот кој претстои:
Имено, Вашите барања за издавање на документи поврзани со вашиот образовен процес ќе може да ги поднесете на следните е-маил адреси, односно кон студентска служба.
На следниот линк ги добивате е-маил адресите и контакт од членовите на студентската служба. ЛИНК
Во Вашиот допис треба јасно да наведете:
1.Да наведете податоци за вас- име и презиме, департман, број на индекс.
2.Што е предмет на Вашето барање?
3.Да доставите во прилог јасно скениран документ (уплатница) како доказ за направена уплата за бараната услуга со наведени податоци за датум и износ на направената уплата.
НАПОМЕНА: Во периодот додека траат мерките, бараниот документ ќе Ви биде доставен на Вашата e-mail адреса, најдоцна до крајот на неделата во којашто сте го поднеле барањето.
Пример:
То: е-маил адреса на некој од членовите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА
Subject: БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА/УВЕРЕНИЕ
Почитувни,
Јас _________________________________________ (име и презиме, департман, број на индекс) замолувам да ми биде издаден документ (уверение/потврда) _______________________________________________ кое ми е потребно за_________________________________________________________ .
Во прилог на овој допис Ви доставувам скенирана потврда за направена уплата/уплатница.
Со почит,
______________________
Целосна информација за одржување на наставно-образованиот процес на Факултетот, ќе биде доставена до четврток 19 март 2020 година.
Универзитет ,,Св. Кирил и Методијˮ во Скопје
Економски факултет – Скопје