Наслов на наставниот предмет

Инвестиционо одлучување во јавниот сектор

Код

 PSM 515

Наставник

Проф. д-р Сашо Арсов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Учествуваат вo тимска работа за анализа и одлучување за инвестирање во проекти во јавниот сектор одстрана на владата, министерствата, фондовите и локалната самоуправа;
  • Се стекнат со времени методолошки знаења и оспособување на кадри за користење најсовремени релевантни софтвери за инвестициона анализа и одлучување во јавниот сектор.

Содржина на предметната програма: 

  1. Теориски основи за оцена на ефикасноста на инвестирањето во проекти во јавниот сектор;
  2. Базични методолошки пристапи за анализа;
  3.  Кост-бенефит анализата како доминтен пристап за оцена на општествената оправданост и на економската ефикасност на проектите. Пристапите на Светска Банка, УНИДО, ОЕЦД;
  4. Вреднувањето на факторите од општествен аспект. “Пресметковните цени” на факторите (инпутите);
  5. Идентифијкација и вреднување на трошоците и користите. Мерливи и немерливи ефекти;
  6. Проблемот на сводниот израз за ефикасноста -”нумерерот”;
  7. Општествената стапка на преференција;
  8. Универзални критериуми за инвестиционо одлучување (општествената нето-сегашна вредност; општествената стапка на рентабилност);
  9. Рангирање и селекција на проектите во услови на лимитираност на средства
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.