ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК

Редовните студенти на прв циклус (додипломски) студии можат да станат корисници на субвенциониран студентски оброк под условите определени со Законот за субвенциониран студентски оброк (Службен весник на РСМ, бр. 31 од 10.2.2020 година) https://dejure.mk/zakon/zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok

Право на пријавување во августовскиот рок (од 1-ви до 31-ви август) имаат редовните студенти на прв циклус студии со запишан летен семестар во учебната 2020/21 година.

Во октомврискиот рок (од 1-ви до 31-ви октомври) право на пријавување имаат новозапишаните студенти во прва година во учебната 2021/22, како и студентите кои не го запишале летниот семестар во учебната 2020/21, а ќе го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/22 година.

Министерството за образование и наука подготвува електронска апликација преку која секој кандидат може да се пријави за користење на правото на субвенциониран студентски оброк.

Во оваа електронска апликација секој кандидат ги внесува бараните податоци кои ги обработува  и  одобрува Министерството за образование и наука

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк ќе се врши по објавен Јавен повик на web страната на Министерство за образование и наука, по електронски пат.

Студентите кои ги задоволуваат условите согласно со Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе се пријавуваат електронски на интернет порталот на Министерството на е-адресата https://e-uslugi.mon.gov.mk;

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.