Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-40917/1 од 3 декември 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
Се утврдува потреба од засновање на работен однос во Народната банка на Република Северна Македонија, на четири (4) извршители и тоа:
1.1 Три (3) извршители на определено време во траење од 2 години од кои:
– 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско- материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола;
– 1 извршител на работното место „помлад специјалист за стратегија и оперативни ризици I степен“ во Канцеларијата за стратегија и превенција – Функција за стратегија и оперативни ризици и
– 1 извршител на работното место „помлад преведувач почетен II степен“ во Отсекот за превод и лектура во Kабинетот на гувернерот
1.2 Еден (1) извршител на определено време во траење од 1 година на работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен II степен“ во Отсекот за развој на човечките ресурси во Дирекцијата за управување со човечките ресурси.
2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– за работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско – материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање сметководствени работи, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на сметководството (основи на сметководство, познавање на МСФИ, законската регулатива од областа на сметководството и Законот за Народната банка).
– за работното место „помлад специјалист за стратегија и оперативни ризици I степен во Канцеларијата за стратегија и превенција – Функција за стратегија и оперативни ризици, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на работењето на Народната банка, корпоративно управување, стратегиско планирање и управување со ризици.
– за работното место „помлад преведувач почетен II степен“ во Отсекот за превод и лектура во Kабинетот на гувернерот, да имаат завршено Филолошки факултет – Албански јазик и книжевност, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат потребно знаење за превод од македонски на албански јазик и обратно и потребно знаење за превод од македонски/албански на англиски јазик, познавање на работа со компјутер (MS Office) и познавање од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на албански јазик и англиски јазик.
– за работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен II степен“ во Отсекот за развој на човечките ресурси во Дирекцијата за управување со човечките ресурси, да имаат завршено факултет од областа на економските, правните, политичките науки или факултет од областа на психологијата, да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на човечките ресурси, англиски јазик и работа со компјутер.
4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
- пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
- кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
- препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;
- доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
- потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
- диплома или уверение за завршено образование;
- доказ за работен стаж задолжително од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
- кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.1 алинеја 1 и 2 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и
- кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.1 треба да достават доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).
Сите докази може да бидат доставени во копија.
5. Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, кои за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
7. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
8. Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1 и 3 и потточка 1.2 изнесува 44.306,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.638,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 2 изнесува 56.434,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 28.701,00 денари.
9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Народна банка на Република Северна Македонија
[1] Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.