Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија – 2023 година

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос .04-23189/1 од 28 јуни 2023 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува


ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

 

1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на четири (4) извршители на определено време во траење од 1 година, од кои:

  • 1 извршител на работното место „помлад организатор“ во Отсекот за подготовка и спроведување на постапките за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки;
  • 1 извршител на работното место „помлад специјалист за односи со јавност почетен II степен“ во Отсекот за комуникации во Кабинетот на гувернерот и
  • 2 извршители на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.

2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

‒ за работното место „помлад организатор“ во Отсекот за подготовка и спроведување на постапките за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки: да имаат завршено факултет од областа на правните науки со  најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните теоретски познавања од аспект на доследна примена на Законот за јавни набавки.    

‒ за работното место „помлад специјалист за односи со јавност почетен II степен“ во Отсекот за комуникации во Кабинетот на гувернерот: да имаат завршено факултет од областа на општествените или хуманистички науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења и англиски јазик.   

‒ за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика: да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка и англиски јазик.    

4.Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:

  • пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
  • кратка биографија;
  • препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;
  • доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
  • потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
  • диплома или уверение за завршено образование;
  • доказ за работен стаж само доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат) и
  • кандидатите за работното место од точка 1 алинеја 1 треба да достават доказ за познавање на англискиот јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за познавање работа со компјутери (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери), а кандидатите за работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 треба да достават доказ за познавање работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).

Сите докази може да бидат доставени во копија.

5.Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

6.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

8.Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 1 изнесува 46.794,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 23.848,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 33.027,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеи  2 и 3 изнесува 38.526,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 19.722,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 27.238,00 денари.

  1. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
  1. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
  1. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
  1. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.

Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

 

 Народна банка на Република Северна Македонија

[1] Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.