Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето? Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените? Сакате да научите повеќе во одделот Сметководство и финансова оператива – позиција Референт во сметководство?
ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО
Зошто Реплек?
- Иновативно работно окружување;
- Работа полна со предизвици;
- Работа со високо мотивиран тим;
- Учење и практична примена на знаењето.
Вие сте нашиот избор доколку имате:
- Завршни студии на Економски факултет (департман Сметководство и ревизија ќе се смета за предност);
- Познавање на MS Office пакет;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлични комуникациски способности;
- Компетенции за аналитичност и поставување на приоритети.
Ваши одговорности:
- Сметководствена евиденција на влезна и излезна документација;
- Доставување на поднесоци и извештаи до институции;
- Учесво во подготовка на извешаи за трошоци.
Професионалната биографија ја очекуваме на kariera@replek.mk најдоцна до 02.07.2023 година со назнака “За практикантска работа”. Времетраењето на практикантската работа е во траење од три месеци со можност за доставување на Понуда за вработување.