Унапредување на вештини за одржливост преку управување со иновациски процес – проект USE IPM
⏳ Продолжен рок за пријавување: 5 ноември 2026 · Почеток: 19 ноември 2026Економскиот факултет – Скопје ве поканува да ја вклучите вашата компанија во програмата за стипендирани обуки за вработени, во рамките на проектот USE IPM, финансиран од Европската унија.
Вашите вработени стекнуваат вештини, студентите се приклучуваат и заедно работат на реален предизвик на вашата компанија – а до април 2027 имате готово решение.
На Факултетот, стипендирани од ЕУ, домашни и странски предавачи. 2–4 дена ангажман месечно.
Практикантство во вашата компанија.
Презентирано и оценето.
Секој вработен следи 5 обуки: 2 по избор + 3 според профилот и дејноста.
Производ, услуга, процес, ресурси, бизнис модел или нова пазарна можност во областа на одржливоста.
Студентски тим работи еден месец со вашите луѓе – шанса да запознаете идни вработени.
Сертификати за учесниците, покани за вмрежување и промоција на резултатите (со ваша согласност).
Стипендирани обуки во рамките на проектот USE IPM, финансиран од Европската унија.
Продолжен рок за пријавување: 5 ноември 2026 година.
Почеток на програмата: 19 ноември 2026. Пријавувањето се врши преку онлајн формуларот или преку QR кодот од плакатот.
Отвори формулар за пријавување →Контакт: bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk
Проект 101120390 – USE IPM – HORIZON-WIDERA-2022-TALENTS-03-01, финансиран од Европската унија. Изразените ставови и мислења се само на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за истражување.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани