Врз основа на Мемпрандумот за деловно-техничка соработка помеѓу Економски факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Царинската управа на Р.С.Македонија, Царинската управа објавува повик за пријавување на практиканти заинтересирани за посетување на студентска пракса.
Студентската пракса ќе се одвива во месеците јули и август, во времетраење од најмалку 5, со по 4 работни часа дневно, од понеделник до петок. Секторот за ушравување со човечки ресурси подготвува табели са распоред на студенти кои ќе извршуваат студентска пракса, период на извршување на студентската пракса, организациони единици во Царинската управа каде студентите ќе извршуваат студентска пракса, број на денови и број на часови на студентска пракса за студентите.
Повикот важи за студентите од 2-ра, 3-та и 4-та година од сите департмани.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните податоци:
Име и презиме:
Број на индекс и место на живеење:
Година на студии:
Kонтакт телефон:
Контакт e-mail:
Бараните податоци треба да се достават до Центарот за кариера на следната електронска адреса: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ЗА СТУДЕНТСКА ПРАКСА ВО ЦАРИНА.
Списокот ќе се пополнува согласно редоследот на пријавување.
ПОВИКОТ ТРАЕ ДО 1.04.2024 година (понеделник), до 12.00 часот.
ВО ПРЕДВИД ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ САМО ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ КОИ СООДВЕТСТВУВААТ НА БАРАНИОТ ПРОФИЛ на ПРАКТИКАНТИ, и КОИ ГИ ИМААТ ДОСТАВЕНО СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ПОДАТОЦИ.
Со почит,
Центар за кариера
Економски факултет – Скопје