Добредојде за бруцошите на Економскиот факултет – Скопје, академска 2026/2027 година
📅 Четврток, 1 октомври 2026 • 10:00 часотДраги бруцоши,
Ви посакуваме срдечно добредојде и многу успеси во вашето студирање. Горди сме што сте дел од нашето академско семејство! Ви честитаме на запишувањето на Економскиот факултет – Скопје, еден од најреномираните и најпрестижните факултети во земјата со богата академска традиција! Со вашиот избор сте направиле одличен чекор кон успешна иднина!
Дозволете да Ве поканиме да присуствувате на свечениот прв академски час, кој претставува вистински почеток на вашето академско патување на Економскиот факултет – Скопје.
Ве молиме да се јавите во просторијата предвидена за вашата студиска програма точно во назначеното време.
| Час | Просторија | Студиска програма |
|---|---|---|
| 12:00 | Амфитеатар 4 | Е-Бизнис |
| 12:00 | Предавална 3 | Маркетинг |
| 12:00 | Предавална 1 | Економија |
| 12:00 | Предавална 5 | Меѓународна трговија |
| 12:30 | Амфитеатар 4 | Менаџмент и претприемништво |
| 12:30 | Предавална 1 | Сметководство и ревизија |
| 12:30 | Предавална 5 | Финансии |
Важно: Ве молиме да се јавите во просторијата предвидена за вашата студиска програма точно во назначеното време.
Со почит, Економски факултет – Скопје
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани