Почитувани,
Во прилог следи конечната ранг листа на примени кандидати кои се пријавиле за упис во вториот уписен рок на Економскиот факултет – Скопје и информација за запишување на истите согласно Конкурсот за упис на нови студенти во учебната 2024-2025 година.
Конечни ранг листи на примени кандидати во вториот уписен рок 2024/25
ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, 2024/2025 ГОДИНА
26.09.2024 год., од 8,30 – 15,30ч
КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВТОР ЦИКЛУС
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025
- Индекс и студентска легитимација
- Две фотографии ( 3.5х4.5 см и 2х3 см )
- Статистички лист (од книжара)
- Потврда за уплата на прва рата од партиципација/школарина:
– 100 евра (државна квота);
– 200 евра (кофинансирање, вонредни)
зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
- Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723012,
– програма 41
– цел на дознака: ИКСА за Економски факултет
- Потврда за уплатени 100,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723019,
– програма 41
– цел на дознака: обрасци за упис и заверка на семестар за Економски факултет
- 6. На факултетот се подигаат и пополнуваат:
– Договор за студирање на Економски факултет
– Изјава за право на увид во досие
– Изјава за подигнати документи
Незапишаните и нерангираните кандидати документите можат да си ги подигнат од 26.09.2024г. во архивата на факултетот
ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар 2024/2025 се поднесува:
- 7. Потврда за уплата на 4200 денари (прва рата) за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, специјални шифрарници и тетратки за писмен испит, е-услуги и е-платформи. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723013
– Програма 41
- Пополнет индекс и впишани предмети од зимски семестар (се пополнува при запишувањето – на факултет)