Прв циклус – Конечни ранг листи за првиот уписен рок 2024/25 и информации за упис на Економски факултет – Скопје

Почитувани,

Во прилог следи конечната ранг листа на примени кандидати кои се пријавиле за упис во првиот уписен рок на Економскиот факултет – Скопје и информација за запишување на истите согласно Конкурсот за упис на нови студенти во учебната 2024-2025 година.

 

Конечни ранг листи на примени кандидати во првиот уписен рок 2024/25

 

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, 2024/2025 ГОДИНА

10, 11 И 12.09.2024 год., од 8,30 – 15,30ч

(датумите се проширени заради поефикасна реализација на запишувањето)

 

10.09.2024

 Департман Е-БИЗНИС   –  Предавална 3

 Департман СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА  –  Предавална 4

  

11.09.2024

 Департман ЕКОНОМИЈА и департман МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА –  Предавална 3

 Департман ФИНАНСИИ  –  Предавална 4

 

12.09.2024

 Департман МАРКЕТИНГ –  Предавална 3

 Департман МЕНАЏМЕНТ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО –  предавална 4

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025

 

  1. Индекс и студентска легитимација
  2. Две фотографии ( 3.5х4.5 см и 2х3 см )
  3. Статистички лист (од книжара)
  4. Потврда за уплата на прва рата од партиципација/школарина:

100 евра (државна квота);

200 евра (кофинансирање, вонредни)

 зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723012

Програма 41

 

  1. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723012,

– програма 41

– цел на дознака:  ИКСА за Економски факултет

 

  1. Потврда за уплатени 100,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723019,

– програма 41

– цел на дознака:  обрасци за упис и заверка на семестар за Економски факултет

  

  1. 6. На факултетот се подигаат и пополнуваат:

– Договор за студирање на Економски факултет

– Изјава за право на увид во досие

– Изјава за подигнати документи

Незапишаните и нерангираните кандидати документите можат да си ги подигнат од 10.09.2024г. во архивата на факултетот.

 

ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар 2024/2025 се поднесува:

  1. 7. Потврда за уплата на 4200 денари (прва рата) за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, специјални шифрарници и тетратки за писмен испит, е-услуги и е-платформи. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723013

– Програма 41

  1. Пополнет индекс и впишани предмети од зимски семестар (се пополнува при запишувањето – на факултет)

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.