Прв циклус: Конкурс за упис на студенти за учебната 2024/2025 година

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ТРЕТ УПИСЕН РОК – 27.09.2024

ФАКУЛТЕТИ – СТУДИСКИ ПРОГРАМИ – Редовни (кои се финансираат од Буџетот на РСМ) – 200 eur Редовни со школарина – 400 eur Вонредни – 400 eur
Економски факултет (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В) (8 семестри)      
Е-бизнис / / 7
Економија / 25 9
Маркетинг / / 4
Менаџмент и претприемништво / 1 1
Меѓународна трговија / 32 9
Сметководство и ревизија / 1 8
Финансии / / 5

ЛИНК ДО КОНКУРСОТ

трет рок
Пријавување на кандидатите 27.9.2024
  Запишување на кандидатите  

30.9.2024

Пријавување и поднесување на потребните документи ќе се врши во просториите на Економски факултет – Скопје, канцеларија за втор циклус студии на 27.09.2024 од 08:30 до 15:30ч.

Документи за пријавување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
  1. пријава за запишување (образец А1 – се купува од книжарата на факултетот);
  2. електронска пријава (генерирана од iKnow-системот);
  3. оригинални свидетелства од сите класови;
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  5. извод од матичната книга на родените; (оригинал)
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
  7. потврда за уплатa:
    • Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
    • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата:

      Трансакциска сметка 100000000063095Сметка на буџетскиот корисник1600103697 – 788 – 10Приходна шифра и програма723013 – 41

***Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)
Со почит,
Економски факултет – Скопје
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.