УПИС НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2024/2025
16-27.09.2024, од 10,30-14,00ч
Важно:
Од оваа 2024/2025 учебна година се воведува е-образец за упис и заверка на семестар, кој ќе го генерира iKnow.
Согласно упатството/пораката испратена од iknow администраторот on-line уписот на предмети од зимски семестар (09 –27.09.2024) е задолжителен.
Следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство.
Уписот на зимскиот семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС ке се одвива согласно следниот распоред:
ВТОРА ГОДИНА – 16 – 18.09.2024 год.
(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од II година и студенти кои презапишуваат предмети од I година)
ТРЕТА ГОДИНА – 19 – 23.09.2024 год.
(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од III година и студенти кои презапишуваат предмети од II година
ЧЕТВРТА ГОДИНА – 24.09 – 27.09.2024 год.
(студенти кои запишуваат најмалку еден предмет од IV година и презапишуваат предмети од III година)
Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремен упис на семестар.
Уписот не е направен без поднесување на потребните документи во службата:
1. За оние студенти кои не направиле on-line уплата преку iknow севисот потврда за уплата на 100/200 евра (прва рата од партиципација согласно бројот на запишани предмети/ кредити – со on-line запишување во iknow – системот го дава износот за уплата) во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41.
2. Потврда за уплата на:
– 1500,00 денари (прва рата) за: набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар
– 1500,00 денари (прва рата) за: набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар
Уплатите од точка 2 треба да се извршат на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723013
– Програма 41
3. Потврда за уплата на 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723012,
– програма 41
– цел на дознака ИКСА за Економски факултет
4. Потврда за уплата на 100,00 денари – за е-обрасци за упис и заверка на семестар на:
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723019,
– програма 41
– цел на дознака: обрасци за упис и заверка на семестар за Економски факултет