Прв циклус – Упис на летен и заверка на зимски семестар 2025/26

Соопштение
за упис на летен семестар и заверка на зимски семестар 2025/2026 година

 

 

Почитувани студенти,

Ве информираме дека уписите на летниот семестар 2025/2026 ќе започнат на 20.01.2026 и ќе траат до 13.02.2026 година.

За студентите од прва и втора студиска година  уписот на летниот семестар за академската 2025/2026 година ќе се одвива по истата успешна практика применета при запишувањето на зимскиот семестар.

Целта на овој начин на упис е да се олесни постапката, да се намали метежот и да се избегне чекањето на шалтер во Службата за студентски прашања.

 

Ве молиме да ги почитувате следните насоки:

Пред да дојдете во Сужбата за студентски прашања задолжително направете online упис во iknow системот. За успешен упис, потребно е да бидат внесени сите оцени од положените предмети од летниот семестар во iknow системот. При online уписот на новиот летен семестар 2025/2026 година, потребно е внимателно да го извршите изборот на предмети.

 

Студентите од ПРВА ГОДИНА треба да ги запишат задолжителните и изборните предмети од вториот семестар од првата година на студиската програма на која се запишани. Запишувањето на предметите треба да се направи и online во iknow системот и во индексот. Подетални информации околу изборот на изборни предмети ќе добиете дополнително на маил.

 

Студентите од ВТОРА ГОДИНА треба да ги следат следните насоки за упис на летниот семестар:

  1. Прво задолжително се презапишуваат сите неположени задолжителни предмети од претходниот летен семестар 2024/2025 година.
  2. Потоа се запишуваат неположените изборни предмети од претходниот летен семестар 2024/2025. Доколку немате неположени изборни предмети, одете на следниот чекор.
  3. Откако ќе ги запишете сите обврски од претходната година се запишуваат предмети по следниот редослед:
    • Прво задолжителни предмети,
    • Потоа изборни предмети, во рамки на вашата студиска година и насока.

 

Избор на предмет од друга насока или година ќе се смета за неважечки, дури и во случај предметот да се положи, бидејќи не припаѓа на соодветниот план и структура на вашата студиска програма.

 

Начин на доставување на документи:

Студентите треба:

  1. Да го пополнат индексот согласно упатствата од Службата за студентски прашања.
  2. Да ги приложат доказите за извршени уплати за упис на семестар.
  3. Сите документи (уредно пополнетиот индекс и уплатите) да се стават во затворено плико, на кое задолжително треба да биде наведено:
    1. име и презиме,
    2. број на индекс,
    3. насока.

Пликото треба да се остави на означеното место за секоја насока, сместено во Службата за студентски прашања, лево од главниот влез.

За сите некомплетни доставени индекси ќе се смета дека не ги испочитувале дадените насоки и уписот ќе го реализираат по 16.2.2026 со надомест за задоцнет упис.

 

Студентите од ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА ќе го прават уписот на шалтер на насока со физичко присуство, почитувајќи го упатството за избор на предмети дадено погоре во соопштението.

 

РАСПОРЕД ЗА УПИС:

ПРВА година 20-22.1.2026 од 11:00 до 14:00 часот;

ВТОРА година 23-27.1.2026 од 11:00 до 14:00 часот;

ТРЕТА година 20 -30.1.2026 од 11:00 до 14:00 часот;

ЧЕТВРТА година 2-13.2.2026 од 11:00 до 14:00 часот.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

– За студентите во државна квота НП 22/23, уплата од  6.150 денари, (линк од пп50)

или вредност на ЕКТС согласно Iknow, за студентите запишани заклучно со учебната 2021/2022 година (линк пп50)

– За студентите во кофинансирање НП 22/23, уплата од 12.300 денари (линк од пп50)

 или вредност на ЕКТС согласно Iknow, за студентите запишани заклучно со учебната 2021/2022 година (линк пп50);

– За вонредните  студенти НП 22/23 уплата од 12.300 денари (линк од пп50)

 или вредност на ЕКТС согласно Iknow, за студентите запишани заклучно со учебната 2021/2022 година (линк пп50).

 

 За сите студенти:

– Уплата 100 денари за семестрални листови и листови за упис (линк од пп50)

а) Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми по семестар 1.000 денари

б) Набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми по семестар уплата од 1.000 денари.

 Овие два износи можат да се уплатат на една уплатница од вкупно 2.000 денари (линк од пп50)

–     студентите кои се запишани како специјални услови се ослободени од плаќање на ставките под а) и б)

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.