Почитувани,
Ве информираме дека годишните конференции за втори, четврти и шести семестар за академската 2020/21 година, ќе се реализираат во текот на месец мај 2021 година.
За таа цел, потребно е пријавите за учество на годишната конференција од Вашата студиска програма да ги доставите до службата за трет циклус и по електронски пат на violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mk; maja.markovic@eccf.ukim.edu.mk најдоцна до 4.5.2021 година до 14,00 часот.
- За конференцијата во вториот семестар, студентот поднесува: пријава (во три примероци потпишана од менторот и од студентот), краток труд кој содржи преглед на актуелната литература поврзана со истражување на специфична област, како можност за изработка на докторскиот труд, презентација за пишаниот текст и во определениот термин реализира јавна презентација;
- За конференцијата во четвртиот и шестиот семестар, студентот поднесува: пријава(во три примероци потпишана од менторот и од студентот), презентација на рецензираниот труд, од семинарот во претходниот семестар и во определениот термин реализира јавна презентација;
Право на учество на годишната конференција за четврти и шести семсетар имаат студентите кои ја реализирале активноста од трети, односно петти семестар и преку советот на студиска програма добиле позитивна рецензија за поднесениот докторски семинар.
Со почит,
Економски факултет – Скопје