Прв циклус – Промена на термин на доделување на индекси и прв академски час

Почитувани бруцоши,

На 1 октомври 2025 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година организира заеднички „Прв академски час за сите бруцоши. Настанот ќе се одржи на платото на општествениот кампус и ќе понуди програма исполнета со инспирација, поврзување и забава, со почеток во 10:00 часот.

Програмата ќе опфати:

  • свечени обраќања,
  • културно-уметнички настапи,
  • информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“,
  • можности за вмрежување,
  • забавен дел.

Со цел да Ви овозможиме активно учество на првиот академски час на 01.10.2025 година, како и запознавање со активностите на УСС -УКИМ и Студентарија, доделувањето на индексите на студентите од Економски факултет Скопје ќе започне од 12,00 часот до 12,30 часот во следните простории:

Е-бизнис– Амфитеатар 4

Маркетинг– Амфитеатар 1

Менаџмент и претприемништво– Амфитеатар 3

Сметководство и ревизија – Амфитеатар 2

Финансии– Предавална 5

Економија – Предавална 1

Меѓународна трговија – Предавална 3 

Агендата на целиот настан може да ја најдете на следниот линк: 

АГЕНДА

Ве очекуваме!

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.