СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА НАЈДОБРИ ДИПЛОМИРАНИ И МАГИСТРИРАНИ СТУДЕНТИ ЗА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани,

 

Во име на Деканот проф. д-р Предраг Трпески ве покануваме да бидете дел од свечената „мини“ промоција на најдобрите дипломирани студенти на прв циклус студии-кои дипломирале во академската 2020/2021 година, како и на студентите кои магистрирале на втор циклус студии во академската 2020/2021 година.

Промоцијата ќе се одржи на 15.11.2021 година, понеделник, со почеток во 11.00 часот, во аулата на Економскиот факултет-Скопје.

Во очекување со своето ценето присуство да го збогатите овој настан.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.