Наслов на наставниот предмет

Бизнис етика во осигурување

Код

MO 508

Наставник

Проф. д-р Леонид Наков

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

·         Ги осознаат етичките теории и пристапи, критички да се оспособат за подготвување и донесување на етични деловни одлуки,                                      

·         Ги откријат бројните етички дилеми со кои се судрува менаџментот во деловното одлучување,

·         Се оспособат за анализа на степенот на етичност на бизнис субјектите, низ примена на меѓународните стандарди на бизнис етиката

·         Ги разграничуваат менаџерската од деловната етика, особено во различните фази на процесот на управување со етичкото однесување

·         Ги разберат кодексот на етика и етичките стандарди, со цел нивно јасно разграничување од легислативната рамка на процесот на одлучување,

·         Ги идентификуваат обврските на менаџерите и на фирмите во однос на нивната општествена одговорност, според прифатениот концепт на таа одговорност,

·         Ги идентификуваат современите етични перспективи во деловното однесување.

Содржина на предметната програма: 

·         Карактер на деловната етика

·         Етичко однесување

·         Менаџирање со етичкото однесување

·         Содржина на етичките промени во менаџментот

·         Етиката и опшествената одговорност

·         Кодекс на етика

·         Перспективи на деловната етика                                 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.