Наслов на наставниот предмет

Интерна ревизија

Код

АCC 430

Наставник

Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба:

  • Да се запознаат со клучните аспекти на интерната ревизија и нејзината улога во раз виените економии;
  • Да  ја  осознаат професионалната и законската регулатива иманентна за интерната рев изија;
  • Да ги развијат способностите за професионално расудување и примена на професионален ск ептицизам;
  • Да стекнат сознанија за основните чекори од процесот на интерна ревизија почнувајќи од планирање, испитување и оценка на интерната контрола преку прибирање и оценка на ревизорските докази, до сумирање на сознанијата, пишување на извештајот и комуницирање со врвниот менаџмент на деловниот ентитет;
  • Да стекнат сознанија за методолошкиот пристап на интерните ревизори при спроведување на ревизи ја на успешност;
  • Да  се  запознаат  со  пристапот  на интерниот ревизор при откривање на симптоми на измама и неговата одговорност во спречување и откривање на измамите.

Содржина на предметната програма:

  1. Поим, улога и значење на интерната ревизија во современите економии;
  2. Интерната ревизија како сегмент од корпоративното управување;
  3. Професионална едукација на интерните ревизори;
  4. Вештини кои треба да ги поседува интерниот ревизор;
  5. Законско регулирање на интерната ревизија во Р. Македонија;
  6. Професионално регулирање на интерната ревизија во Р. Македонија;
  7. Деловни процеси и ризици;
  8. КОСО 2013 – Новата концепциска рамка на интерната контрола;
  9. Процес на интерна ревизија;
  10. Развивање на годишен ревизорски план;
  11. Прибирање и оценка на ревизорски докази во интерната ревизија;
  12. Известување во интерната ревизија;
  13. Работна документација во интерната ревизија;
  14. Интерна ревизија и измамите;
  15. Ревизија на успешност;
  16. Управување со департманот за интерна ревизија.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.