Наслов на наставниот предмет

Стратегиски менаџмент  

Код

MGT 310

Наставник

Проф. д-р- Љубомир Дракулевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

· Да  се  научат  да  размислуваат  критички  за  прашањата  и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување;

· Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;

· Да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;

· Да  ги  интегрираат  добиените  знаења  од  одделните  функциски менаџменти;

· Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.                   

Содржина на предметната програма: 

· Карактерот на стратегискиот менаџмент

· Менаџерите и стратегискиот менаџмент

· Проценка на екстерното окружување

· Проценка на интерното окружување

· Формулирање на стратегија

· Анализа и избор на стратегија

· Извршување на стратегијата

· Оценување и контрола на стратегијата

· Технологија и иновација                                    

· Стратегиски менаџмент и малиот бизнис

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.