Управувачко сметководство

Наслов на наставниот предмет

Управувачко сметководство

Код

 АCC 310

Наставник

Проф.д-р Марина Трпеска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни за:

·        Да ја согледаат улогата на управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем и пошироко,

·        Да ги определат основите за различно диференцирање на трошоците,

·        Да ги пресметаат сите показатели од графиконот на рентабилноста, Да ги диференцираат методите на сметководственотоопфаќање на трошоците,

·        Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примена во претпријатијатието,

·        Да ја осознаат потребата од алокација на трошоците,

·        Да ја сфатат постапката за опфаќање на трошоците по пооделните активности,

·        Да го сфатат значењето на бројни термини кои се поврзани со управувачкото сметководство

Содржина на предметната програма: 

1.      Сметководство на менаџмент во рамките на сметководствениот систем

2.     Трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес и некои елементи на теоријата на трошоците со нејзината практичнaпримена

3.     Графикон на рентабилноста за целите на менаџментот

4.     Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители

5.     Сметководствено планирање

6.     Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители

7.     Облици на алокација на трошоците

8.     Сметководство на активностите

9.     Некои од алтернативните методи на вреднување на залихите

10. Финансиски извештаи за потребите на менаџментот

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.