Двегодишните студии на студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (модел 3+2 или 120 EКТС кредити) се организирана во
две студиски години, односно во
четири семестри.
Програмата се состои од четиринаесет предмети и изработка на магистерски труд.
Структурата на предметите е следна:
- Осум задолжителни предмети
- Четири изборни предмети (изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
- Два изборни предмети (изборни предмети од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Мисија и цели
Мисијата на студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси е едукација на високо-образовани стручни кадри кои ќе бидат способни да ги следат и применуваат најновите знаења и светските практики од областа на менаџментот на човечки ресурси, како и оспособување на МЧР професионалци способни да ги задоволат потребите за квалитетни, мотивирани и лојални човечки ресурси во своите организации.
Студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси има за цел да продуцира магистри кои ќе бидат способни да ја унапредуваат својата професија, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.
Работни места за кои се оспособуваат магистрантите
Студиската програма
стратегиски менаџмент на човечки ресурси е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во оваа професија и да ги развијат своите знаења и да стекнат специфични вештини во областа на стратегискиот менаџмент на човечките ресурси. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус по стратегиски менаџмент на човечки ресурси ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се
ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:
- менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
- претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
- директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции (полиција, образование, здравство, надворешни работи и др.) или во специфични организации како што се министерствата за информатичко општество и јавна администрација, за труд и социјална работа, или во другите министерства, потоа во агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици, во државните агенции, во општините и во сите оние институции во кои се обавуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
- вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
- вработени во образовни институции како предавачи или истражувачи во оваа област.
Понатамошни студии
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
За подетални информации во врска со оваа студиска програма обратете се на
eftimov@eccf.ukim.edu.mk