Економски развој и меѓународни финансии

Раководител: проф. д-р Владимир Филиповски

Секретар: проф. д-р Борче Треновски

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Цели на студиската програма:

  • Студентите да се здобијат со знаења за теориите, моделите и политиките на економскиот раст и развој и за меѓународното финансирање на развојот.
  • Студентите да се здобијат со способности и вештини за продлабочена анализа и евалуација на различните развојни стратегии, макроекономски и микроекономски политики и механизмите и инструментите на меѓународното финансирање на развојот.

Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. За таа цел, од клучно значење е изборот на соодветни развојни макроекономски политики (фискална, монетарна), како и микроекономски политики, насочени кон пооделни сектори во економијата. Исто така, за македонската економија е важно обезбедувањето на дополнително странско штедење, т.е. финансиски капитал, со кој ќе се финансираат развојните проекти во јавниот и во приватниот сектор, па оттаму произлегува и значењето на познавањето на функционирањето на меѓународните финансиски пазари општо, како и на меѓународните финански институции (Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и сл.) посебно. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на економскиот развој и меѓународните финансии, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.

Студиската програма по Економски развој и меѓународни финансии е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на економскиот раст и развој, макроекономските и развојните политики, како и меѓународните ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ – ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ 15 финансиски пазари и развојното финансирање. По завршувањето на студиите од втор циклус по Економски развој и меѓународни финансии, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: моделирање на процесот на економски раст, анализа и оценување на макроекономските и развојни политики, анализа и оценување на интеракцијата на финансискиот систем и економскиот раст.

Целината на знаења која ја нуди студиската програма по економски развој и меѓународни финансии ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор и во приватниот деловен сектор. Во јавниот сектор: министерства (посебно за економските ресори: финансии, економија, социјална политика, екологија); понатаму, централната банка (НБРСМ), различни регулаторни агенции (Комисија за заштита на конкуренцијата, Агенција за електорнски комуникации и сл.) и др. Во приватниот сектор: банки и други финансиски институции, приватни трговски друштва од различни сектори; високо-образовни и научно-истражувачки институции, и др.

Според кадровската профилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој; монетарната и фискалната политика и нивната координација; политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на меѓународно финансирање на економскиот развој; политиките на пазарот на трудот и социјалните политики, политиките на заштита на конкуренцијата, економските ефекти на процесите на дигитализација, политиките на заштита на животната средина.

Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Решение за акредитација на студиската програма ЛИНК

Решение за почеток со работа на студиската програма ЛИНК

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.