Важна информација
Почитувани,
во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК
Главна цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Менаџмент во осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.
Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.
Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.
Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:
По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Менаџмент во осигурувањето е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурувањето и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MO 502 | Осигурување | 40 | 7,00 | Игор Ивановски |
MO 503 | Статистика во осигурувањето | 40 | 7,00 | Калина Треневска Благоева |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MO 501 | Менаџмент | 40 | 7,00 | Леонид Наков |
MO | Магистерски труд | 40 | 16,00 | |
MO 504 | Финансиска и актуарска математика | 40 | 7,00 | Игор Ивановски |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MO 505 | Избрани проблеми од микро и макро економија | 40 | 7,00 | Таки Фити |
MO 506 | Финансиски и фискален систем | 40 | 7,00 | Михаил Петковски |
MO UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 40 | 2,00 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
MO 507 | Информациски технологии во осигурувањето | 40 | 7,00 | Сашо Јосимовски |
MO 508 | Анализа на финансиските извештаи во осигурителните компании | 40 | 7,00 | Атанаско Атанасовски |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани