Цел на студиската програма е да овозможи создавање на високообразован кадар кој ќе ги има усвоено современите принципи на работење преку дисциплини кои ќе им овозможат на студентите да се здобијат со знаење и практични вештини за работа со технологии кои ја подржуваат имплементацијата на електронскиот бизнис во компаниите, како и знаења и вештини кои ќе им овозможат на студентите вклучување во процесите на дигитална трансфромација на современите бизниси и организации, како и општетсвото во целина. Поконкретно, преку преку соодветните дисциплини во студиската прорама по Е-бизнис, внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на бизнис окружувањето и следејќи ги светските трендови и практики, студентите ќе стекнат знаење и вештни за основите на е-бизнисот и дигиталната економија, дигитализација на каналите на продажба, одосноно е-комерција, дигитални иновации, дигиталниот маркетинг, виралниот маркетинг и маркетингот преку социјални медиуми, знеања од областа на бизнис информациските системи, системите за деловно работење, менаџментот на информациско-комуникациските технологии (ИКТ), мрежните пазари и конкуренцијата, менаџмент и автоматизација на бизнис процесите, дигитализација и унапредување на однсите со купувачите преку современи дигитални алатки односно нови начини на вмрежување на потрошувачите и организациите, дигитализација на односите со добавувачите и синџирите на снабдување, дизајнирање на информациски ситеми, дизајн и развој на веб, програмирање на бизнис апликации, бази на податоци, управување однсно аналитика на бизнис податоци и сл.
Поради рапидниот технолошки развој и особено со развојот на интернетот и социјалните медиуми, компаниите се исправени пред предизвикот континуирано да се прилагодуваат на тие промени, и да бидат генератори на иновации и нови бизнис модели базирани на технологии, со цел да држат чекор со конкуренцијата на домашниот и меѓународниот пазар без разлика дали се пристутни офлајн и/или онлајн на пазарот. Дигиталната траснформација на работењето е од клучно значење за постигнување деловен успех, но и за опстанок во денешното глобално и динамично окружување и во приватниот и во јавниот сектор. За таа цел компаниите треба да применат холистички пристап и успешно да ги имплементираат дигиталните технологии, како и е-бизнис модели и стратегии во работењето. Клучен елемент за реализација на овие стратегиски активности е стручен и компетентен кадар кој ќе може во целост да одговори на овие предизвици. На тој начин бизнис заедницата ќе може соодветно да одговори на предизвиците на дигиталната трансформација која е неизбежна во сите сферои на живеење и работење. Денес компаниите имаат потреба од квалификуван кадар кој е способен да работи во услови на интензивна примена на дигитални технологии и да учествува во пазари со поголема конкурентност и со поголема софистицираност на пазарните механизми, кадар кој ќе биде во позиција соодветно да одговори на предизвиците и проактивно да ги искористи можностите на технологиите и дигитализацијата за да обезбеди конкурентност и подобри организациски перформанси.
Студиската програма по е-бизнис е внимателно структуирана со цел да креира високо образовен кадар кој ќе биде способен да се вклучи во процесите на дигитална трансформација во организациите и/или општетсвото во целина и да ги менаџира предизвиците при воведување на дигитални иновации во работењето. Целта на студиската програма по Е-бизнис е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на е-бизнисот и со специфични дигитални вештини за примена на ова знаење во практиката.
Содржината на предметните програми е усогласена и структуирана според современите предизвици и потреби на општеството за создавање на кадар кој ќе биде способен да ја следи динамиката на глобалната дигитална трансформација и зголемената потреба за водење на бизнисот со помош на дигитални иновации и алатки.
За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена. Предметните програми застапени во студиската програма ги прошируваат и продлабочуваат знаењата од областа на е-бизнис низ повеќе потесно специјализирани предмети, кои придонесуваат за посебен образовен профил од областа на е-бизнис (основи на е-бизнис, дигитална економија, информациони технологии, дигитален маркетинг, дигитални иновации, бази на податоци за бизнис, бизнис логистика, менаџмент на бизнис процеси, дизајн и развој на веб, програмирање на бизнис апликации, ЕРП системи, системска анализа и дизајн на информациски системи, аналитика на бизнис податоци, менаџмент на односи со потрошувачи, е-бизнис дистрибутивни канали, маркетинг преку социјални медиуми).
Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се стекнува со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот, како и со способности за примена на ова знаење во практиката.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ
Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се оспособува за примена на техники за управување со ИКТ во претпријатијата, воведување на современи софтверски решенија за е-бизнис, подобрување на бизнис процесите, анализа на пазарите за специфични производи, новите начини на вмрежување на потрошувачитеи организациите, како и за управување со големиот обем на бизнис податоци.
Според тоа, работните места на кои овие кадриможат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на наставните содржини на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
4 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
6 | EBU 110 | Основи на е-бизнис | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | МКТ 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
3 | EBU 210 | Дигитална економија | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | EBU 230 | Информациони технологии | 4+2 | 8 |
5 | EBU 220 | Интернет маркетинг | 4+2 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | EBU 310 | Бази на податоци за бизнис | 4+2 | 8 |
2 | МGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
3 | EBU 320 | Бизнис логистика | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | EBU 330 | Дизајн и развој на веб | 4+2 | 8 |
5 | EBU 340 | Менаџмент на бизнис процеси | 4+2 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | EBU 410 | ЕРП системи | 4+2 | 8 |
2 | EBU 430 | Системска анализа и дизајн на информациски системи | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
3 | EBU 420 | Менаџмент на односи со потрошувачи | 4+2 | 8 |
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
Наставен план 2008/2009
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот е-бизнис може да се симне од следниов ЛИНК
Наставен план 2012/2013
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот е-бизнис може да го видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани