Студиската програма по Менаџмент (денес: Менаџмент и претприемништво) настана како резултат на потребата од создавање кадри со стручни знаења кои ќе одговараат на изменетите услови на стопанисување и раководење со компаниите по процесот на транзиција и приватизација од последната деценија на минатиот век. Креирана по угледот на студиски програми од истата област, студиската програма по менаџмент до денес целосно ја потврди нејзината оправданост.
Денес, целта на студиската програма по Менаџмент и претприемништво е да овозможи создавање на школуван кадар кој ќе ги познава и имплементира современите принципи на управување со компаниите, процесите, човечките ресурси и останатите компоненти на деловните системи и ќе биде во состојба да одговори на барањата на раководните и управувачки позиции на различни нивоа во компаниите.
Реномираниот и висококомпетентен кадар на овој Департман континуирано ги следи и ги вклучува во студиските програми и во самиот процес на настава најсовремените знаења и наставни техники кои се развиваат на реномираните универзитети ширум светот. Тоа овозможува создавање кадри кои потоа успешно се вклучуваат во процесите на работа во компаниите и институциите, а дел од нив успешно го продолжуваат и своето школување на студиите од втор циклус во земјата и странство.
Работните места за кои се оспособуваат студентите на департманот Менаџмент и претприемништво опфаќаат:
Анкетата спроведена помеѓу дипломираните студенти на департманот по Менаџмент во последните 5 години покажа дека тие релативно брзо наоѓат работа согласно своите квалификации. Имено, 79% од испитаниците одговориле дека успеале да најдат работа во рок од 6 месеци по завршувањето на студиите. Меѓу оние што дипломирале во последните 5 години веќе 12,5% се наоѓаат на некоја раководна позиција, а околу 5% се претприемачи – сопственици на свој бизнис.
Дипломираниот економист на департманот по менаџмент се оспособува за примена на техники за управување со луѓето и процесите, планирање, деловно комуницирање, управување со финансиите и анализа на инвестициските проекти и сл.
Преку наставата, вежбите, проектните задачи, од понудената литература и софтверот наменет за поддршка на наставата, студентите на оваа програма ќе се стекнат со следниве специфични компетенции:
Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции. Позициите за кои тие ќе бидат оспособени вклучуваат:
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
4 | MGT 120 | Деловна етика | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | МКТ 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
3 | MGT 240 | Менаџмент на човечки ресурси | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | MGT 230 | Менаџмент на мал бизнис | 6+0 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | MGT 310 | Стратегиски менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | MGT 320 | Менаџмент информациони системи | 6+0 | 8 |
3 | MGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
4 | MGT 395 | Операциони истражувања | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
5 | MGT 330 | Деловно планирање | 6+0 | 8 |
6 | MGT 340 | Инвестиционен менаџмент | 6+0 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | MGT 420 | Оперативен менаџмент | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
2 | MGT 440 | Менаџмент на промени | 4+2 | 8 |
3 | АCC 220 | Управувачко сметководство I | 6+0 | 8 |
4 | MGT 430 | Деловно комуницирање | 4+2 | 8 |
Наставен план 2008/2009
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот надворешна трговија може да се симне од следниов ЛИНК
Наставен план 2012/2013
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот менаџмент може да го видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани