Студиската програма по Сметководство и ревизија на прв циклус студии доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување во областа на сметководството, ревизија, финансиите и менаџментот на најголемото и најбрзо растечкото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.
Цел на студиската програма по СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на сметководството и ревизијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Дипломираниот економист на департманот по сметководство и ревизија се оспособува за примена на техники за евиденција и анализа на ефектите од трансакциите во кои се вклучуваат организациите од приватниот и јавниот сектор, се оспособува за проверка на веродостојноста на трансакциите и прикажаните ефекти од трансакциите во интерните и екстерни извештаи на организацијата, се оспособува да ги анализира факторите кои влијаат на финансиските резултатите во работењето. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија.
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 |
4 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
Летен семестар | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
1 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | ACC 210 | Финансиско сметководство | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
3 | ACC 220 | Управувачко сметководство I | 6+0 | 8 |
4 | MGT 430 | Деловно комуницирање | 4+2 | 8 |
5 | FIN 210 | Финансиски пазари и институции | 6+0 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
1 | АCC 330 | Корпоративно финансиско известување | 6+0 | 8 |
2 | АCC 340 | Сметководствени информациони системи | 6+0 | 8 |
3 | MGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
4 | АCC 320 | Ревизија | 6+0 | 8 |
5 | АCC 310 | Управувачко сметководство II | 6+0 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
1 | АCC 420 | Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
2 | АCC 410 | Меѓународно сметководство | 6+0 | 8 |
3 | АCC 440 | Анализа на финансиски извештаи | 6+0 | 8 |
4 | АCC 430 | Интерна ревизија | 6+0 | 8 |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани