ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ – Упис на зимски семестар 2023/2024
02.10.2023 до 06.10.2023 од 12,00-14,00 часот
Почитувани,
Во прилог информации за упис на зимски семестар 2023/2024 година
Потребни документи за:
- Упис на зимски семестар 2023/2024
- Образец за упис на семестар
- Потврда за уплата на рата од 900 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723011
– Програма 41
– Во цел на дознака- името на студиската програма и целта на уплатата
– Во повикување на број:
723011 / 02 – Економски науки
723011 / 03- Статистички методи за бизнис и економија
723011 / 05- Организациски науки и управување (менаџмент)
ВАЖНО:
Студентите кои се запишале во учебната 2022/2023 година, во првиот уписен рок, доколку имаат предмети од првиот семестар кои не ги положиле во трите предвидени сесии, треба истите да ги презапишат и да платат 50 % од вредноста на кредитите за предметот што се презапишува.
Секое непочитување на термините, повлекува надомест за задоцнето запишување.
Со почит,
Економски факултет – Скопје